Видеото за нумерата „Smells Like Teen Spirit“ на култниот бенд Nirvana достигна милијарда прегледи на сервисот за размане на видео материјали YouTube, пренесува порталот NME.
Со тоа овој според станува второто видео од 1990-те години, кој има милијарда прегледи. На првото место е спотот за „November Rain“ на бедндот Guns N’ Roses, кој има 300 милиони прегледи повеќе.
Композицијата на Nirvana беше објавена во 1991 година, како дел од албумот „Nevermind“. Официјалното видео за „ Smells Like Teen Spirit“ беше ставено на интернет во јуни 2009 година.
На третото место според бројот на прегледите е видеото за нумерата „Zombie“ на групата Cranberries, кој во моментов има 980 милиони прегледи.