Спреј од три состојки за побрз раст на косата

Спрејот за коса можете сами да го направите од само 3 растенија, а главното е копривата – растение кое со векови се користи за нега на коса. Ставете четири чаши дестилирана вода во тенџере и оставете да зоврие на средна топлина. Кога ќе зоврие додадете две лажици каранфилче и две лажици суви коприви.

Намалете ја топлината на минимум и оставете да врие околу 20 минути. Добиениот чај процедете го и додека е сè уште топол, додадете му една лажица рузмарин, па оставете го да отстои цела ноќ.

Наутро повторно процедете го и ставете го во шише со прскалка, а потоа испрскајте  ја косата по миењето и добро втријте во скалпот.

Зошто овие 3 растенија? Каранфилчето ја стимулира циркулацијата, растот на косата и ја прави посилна. Копривата го намалува опаѓањето и го поттикнува растот на нови влакна. Оваа билка содржи силициум и сулфур кои ја прават косата посјајна и поздрава. Рузмаринот е растение кое особено се препорачува за луѓе со тенка и ретка коса, бидејќи го поттикнува растењето.