Полицијата вчера на автопатот Гевгелија-Скопје, кај бензинската пумпа во Демир Капија спречила обид за криумчарење мигранти.
Службениците се обиделе да сопрат патничко возило „мазда 323“, но возачот не застанал. Полицајците со возило тргнале по него и на околу 500 метри од местото на запирање го пронашле возилото, а возачот успеал да побегне.
Од извршениот преглед на возилото биле откриени осум илегални мигранти од Иран.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.