Полициски службеници синоќа спречиле обид за криумчарење осум мигранти од Пакистан, Ирак и Либија при контрола на возило на стариот помошен пат од село Василево кон местото викано Слобода.
Мигрантите, шест со документи од Грција, а двајца без документи, биле пронајдени во патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое успеало да избега.
По наредба на јавен обвинител, тројца мигранти се предадени во Прифатен центар во Скопје, а другите се во Транзитен центар во Гевгелија.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчитување на случајот.