Спречен шверц на лекови

Царината запленила лекови во автомобил на македонски државјанин, информираше Царинската управа.

Според полицијата, 100 парчиња анестетици „лидокаин“ со адреналин од 50 милилитри и 3 парчиња анестетици „лидокаин“ од 50 милилитри, биле откриени при контрола на автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Свети Наум.

Непријавените анестетици се пронајдени зад возачкото седиште на возилото и истите се привремено одземени, а против возачот е отпочната соодветна постапка.