Спречен терористички напад во Франција, уапсено едно лице

Француската полиција вчера уапсила едно лице во предградие на Париз. Полицијата се сомнева дека лицето било планирало да изврши нов напад во Франција.

Вчера вечер, полицијата направила претрес во неговиот стан каде било најдено помало количество експлозиви.

Според француските iTV и АФП станува збор за Крикет Реда (34). Тој била обвинет заедно со Абделхамид Абуд во Брисел во јули 2015-тата година од страна на Судот во Брисел и добил казна од 10 години за судењето познато како „Сириска индустрија“.

За истиот случај Абделхамид Абуд доби затворска казна од 20 години, а Зеркани Калид беше осуден на 12 години затвор. На сите тројца им беше судено во отсуство за регрутирање борци за Сирија.

Ова апсење е мошне важно, рече министерот за внатрешни работи Бернар Казенев.

Казенев објасни дека уапсениот Французин е осомничен за учество на високо ниво во планирањето терористички напади.

Засега нема податоци за негово евентуално учество во нападите во Брисел.