Спречен терористички напад во Лондон

Британската полиција денес спречи терористички напад на ИД за време на воената парада по повод  Денот на вооружените сили во Лондон, откако претходно од новинар кој работел инкогнито, добила податоци за планот, пишуваат британските медиуми.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави пред новинарите дека ќе бидат засилени безбедносните мерки за време на јавните собири, какао што е воената парада и годишната парада на гордоста, која исто така ќе се одржи денес, пренесува АП.

Во Британија и понатаму на сила е вториот највисок степен на опасност од тероризам, што значи дека терористичките напади се сметаат за веројатни.