Спречен исламистички напад со отровни материи во Германија

Две лица се приведени во градот Кастроп-Рауксел, во западната сојузна германска покраина Северна Рајна Вестфалија, под сомневање дека подготвувале терористички напад со исламистичка заднина со употреба на отровни материи – цијанид и рицин, кои се сметаат за многу токсично биолошко оружје.

Ова се наведува во заедничкото соопштение објавено во неделата на Јавното обвинителство на Дизелдорф, полицијата на Реклингхаузен и Минстер.

Главниот осомничен во случајот е 32-годишен ирански државјани кој е осомничен за „подготовка на тешко кривично дело што претставува закана за држава“, објавија во неделата утрото во заедничка изјава државното обвинителството во Диселдорф и полицијата од Реклингхаусен и Минстер.

„За да изврши напад со исламистичка мотивација, тој набавил цијанид и рицин“, се вели во изјавата која ја цитира WDR, додавајќи дека е приведен и уште еден маж кој е брат на главниот осомничен.

Германската полиција изминатата ноќ извршила претрес во станот на иранскиот државјанин во Кастроп-Рауксел. Областа во која била спроведувана операцијата била опколена од полициски сили, како и тимови на противпожарната и спасувачките служби, при што некои нивни припадници носеле специјални заштитни одела и опрема, пренесува телевизискиот канал Welt.

Откриените хемикалии биле спакувани во контејнери за натамошно проучување. Ангажираните припадници на безбедносните сили на самото место биле советувани од експерти од референтниот германски Институт „Роберт Кох“, специјализиран за биомедицински истражуваа. Случајот, инаку, го води централниот оддел за антитероризам при Јавното обвинителство во Диселдорф.

Според информациите на дневниот весник Bild, германски органи на прогонот го следеле Иранецот последните неколку дена. Разузнавачка служба на пријателска земја ги предупредила претходно германските власти за закана од подготовка на терористички напад во подготовка на терористички напад се користење на импровизирана хемиска бомба.

Засега нема информации до каде напредувал осомничениот во подготовката на нападот, како и кои биле неговите можни цели.

Германија во минатото беше цел на неколку терористички напади со исламистичка заднина, меѓу кои беше и нападот со камион на божикен базар во 2016 година во Берлин во кој беа убиени 13 луѓе.