
Спречен обид за киднапирање на патнички авион во Белорусија.
Еден Грузиец се заканувал дека ќе активира бомба во авионот доколку пилотите не се согласат да го пренасочат во правец на непрецизирана дестинација во Европа, пренесуваат американските медиуми.
Службата соопштила дека Грузиецот ги напишал своите барања на порака, но дека пилотите, сепак, успеале да слетаат во Минск, како што претходно било планирано.
За среќа, ниту еден од патниците и членовите на екипажот не е повреден, а Грузиецот е уапсен.