Спречен обид за растурање фалсификувани евра

Дваесетгодишник во Прилеп е уапсен во саботата, во обидот во оптек да пушти фалсификивана банкнота во апоени од 200 евра, соопшти Миностерството за внатрешни работо.

Акцијата се случила во раните попладневни часови во саботата на улицата „Дебарца“ во Прилеп, кога полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода А.Р. Прилеп затоа што претходно во маркет во населбата Тризла се обидел да пушти во промет фалсификувана банкнота од 200 евра. При преглед кај него била пронајдена и одземена банкнотата.

По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.