Спречена експлозија на над 80 тони гас во кругот на фабриката Порцеланка

Пожар избувнал вчера околу 16:30 часот во кругот на старата фабрика Порцеланка.

Дирекорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека благодарение на брзата и пожртвувана реакција на храбрите велешки пожарникари избегната е голема трагедија во кругот на поранешна велешка Порцеланка.

-Огнот беше сопрен на само стотина метри оддалеченост од цистерни и склад со повеќе од 80 тона плин, истакнува Ангелов.

Кон пожарот веднаш биле упатени и воздухоплови кои не интервенирале бидејќи огнот бил изгаснат.

МВР е на терен и се истражува кој го подметнал опасниот пожар.