Руските разузнавачки и истражни агенции спречиле атентати врз две познати руски новинарки зад чија подготовка стоела украинската разузнавачка служба, објави во саботата Федералната служба за безбедност (ФСБ) пренесуваат руските новински агенции.
Цел на планираните атентати кои требало да ги извршат припадници на руски неонацистички групи заврбувани од украинскот разузнавање биле главната уредничка на медиумската групација Россия сегодня и меѓународниот информативен сервис RT, Маргарита Симонјан, и влијателната блогерка Ксенија Собчак.
Според соопштението, ден претходно во Москва и во регионот Рјазан биле уапсени членови на неонацистичката групација коајшто се нарекувала „Параграф-88“, што асоцира на нацистичкиот германски поздрав „Хајл Хитлер“, кои вршеле надзор „на адресите на работните места и живеалиштета“ на Симонјан и Собчак.
„Во текот на истрагата тие ги потврдија подготовките за извршување атентати по инструкции на Службата за безбедност на Украина (СБУ) за награда од 1,5 милион рубљи (околу 16.000 американски долари) за секое убиство“, се додава во сооштението на руското ФСБ во кое се додава и дека сѐ уште се изведуваат оперативни активноси и претреси на повеќе локации.
Кај уапсените пронајдени се автоматска пушка „Калшников“, 90 куршуми за неа, ножеви, лисици, палки и бодежи, како и беџеви и знамиња со нацистички симболи, нацистичка литература, како и комуникациска опрема и компјутери во кои се откриени инфорамции кои ја потврдуваат нивната злосторничка намера, се додава.
Притоа во руските медиуми се појави и видео со исказ на еден од уапсените осомничени кои се товарат за подготовка криминални дејствија „со екстремистичка и терористичка заднина“.
И самата Симонјан ја коментираше подготовката за атентат врз неа.
„…. Приведоа група која по налог на Украина подготвувала мое убиство. Ме следеле, ги знаеле сите мои адреси. Работиме, браќа!“, објави на Telegram уредничката на RT.
Во медиумите се потсетува дека ова не е првиот обид на украинските тајни служби да организираат убиства на влијателни руски новинари, особено по почетокот на руската инвазија во Украна ланскиот феврури.
Во октомври минатата година американското разузнавање потврди дека нападот со подментната бомба во автомобил крај Москва, во кој во август таа година беше убиена новинарката Дарја Дугина, ќерка на познатот руски филозоф и идеолог Александр Дугин, бил одобрен од „делови“ на украинската влада. Дугина беше убиена на 20-ти август, кога автомобилот што го возеше експлодираше на периферијата на Москва. Руските власти го обвинија Киев и наведоа двајца украински државјани како осомничени.
Во април годинава, пак, во атентат со експлозивна направа во кафуле во Санкт Петербург беше убиен Максим Фомин, поранешен борец од Донбас и популарен воен блогер познат како Владлен Татарски.
Ланската пролет руското разузнавање соопшти за апсење на шестчлена националистичка терористичка организација којашто се нарекувала „National Socialism/White Power“, составемна од државјани на Русија кои по инструкции на украинското разузнавање СБУ планирале убиство на познатиот руски новинар Владимир Соловјов. Уште тогаш, според сознанијата на ФСБ, уапсените потврдиле дека планирале да ги убијат не само Соловјов, туку и Симонјан, генералниот директор на новинската агенција Россия сегодня, Дмитриј Киселев, новинарите на ВГТРК, Олга Скабеева, Евгениј Попов и директорот Тигран Кеосајан. .
Киселев, тогаш коментирајќи ги плановите на Киев да го убие Соловјов, истакна дека прогонот на новинарите во Украина станала рутина којашто не е осудувана ниту од државата, ниту од општеството. Тој потсети на други случаи на прогон на новинари во соседнара земја, вклучително и неказнетите убиства, особено на новинарката Олесја Бузина.