Спречени украински обиди за атентати врз руски воени функционери

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во четвртокот соопшти дека спречила неколку заговори на украинските разузнавачки служби за убиство на високи руски офицери и нивните семејства во Москва користејќи скриени бомби.

Украинската разузнавачка служба СБУ го уби генерал-полковник и шеф на руските единици за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита Кирилов на 17-ти декември во Москва пред неговиот стан со активирање на бомба прикачена на електричен скутер.

Извор од СБУ потврди тогаш за Reuters дека зад нападот стои украинското разузнавање. Русија соопшти дека убиството е терористички напад на Киев и вети одмазда.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација спречи серија обиди за атентат врз високо позициониран воен персонал на Министерството за одбрана. Уапсени се четворица руски државјани кои учествувале во подготовката на овие напади.

ФСБ наведува дека украинските разузнавачки служби регрутираат руски државјани. Едно од лицата земало бомба скриена во полнач во Москва, кој требало да биде прикачен со магнети за автомобилот на висок функционер на Министерството за одбрана, соопшти ФСБ. Друг тебало следи високи претставници на руската одбрана. Еден заговор вклучувал испорака на бомба скриена во папка со документи, соопшти ФСБ.

!Експлозивна направа маскирана во полнач требало да биде употребена за да се убие висок воен функционер. За извершувањето на овој терористички напад, во ноември во Москва допатува агент на украинските специјални служби, руски државјанин кој постојано престојувал во Украина од 2020 година. Тој пристигнал транзитно низ Молдавија со објаснување дека е депортиран“, се вели во соопштението

Тој требало да добие маскирана бомба од скривалиште и да ја стави под службениот автомобил на еден од раководителите на Министерството за одбрана, чиј возач бил неговиот свекор. Украинските специјални служби имале намера да ја изведат експлозијата од далечина. По ова, на му било ветено патување во Украина, а оттаму во некоја од земјите на Европската унија. Подготовката на терористичкиот напад била координирана и преку сопругата на агентот, која живее во Миргород, регионот Полтава.

Вториот висок офицер било планирано да биде разнесен со бомба маскирана во папка со документи, која двајца од приведените требало да му ја предадат. Тие ја пронашле експлозивната направа во спремиште во Подмосковје во московскиот регион користејќи координати обезбедени од украинскиот државјанин Виталиј Рагожа, кој според ФСБ работи за украинските специјални служби и живее во Полска.

Покрај тоа, оперативците на руското разузнавање идентификувале жител на Москва, исто така регрутиран од украинските специјални служби, кој вршел извидување на местата на то на живеење и работа на припадници на војската.

„Тој ги испрати примените фотографии и видео материјали до своите куратори за натамошна подготовка на терористички напади“, додаде ФСБ.

Кај уапсените биле пронајдени рачно изработени експлозивни направи и опрема за комуникација. Компонентите на бомбите беа доставени во Русија во апарати за домаќинство, алати и автоделови, појаснуваат од ФСБ.