Fashion Group семејството се проширува и официјално може да му посакаме добредојде на Springfield Kids. Возбудени сме околу сите новитети што новото омилено шопинг место и на децата и на родителите ги нуди!
Сакајќи секогаш да ви го овозможуваме најдоброто, сега во семејството имаме уште еден детски бренд кој буди детски насмевки и светкави очиња. Комбинации кои навистина прилегаат на детските возрасти, а сепак се тренди!
Токму пред стартот на есента, имате можност да се впуштите во една шопинг авантура со интересни дизајни, квалитетни и меки материјали и удобност која на децата им е потребна секогаш!
Детската колекција на Springfield е изобилство на секојдневни комбинации – спортски или оние малку покласични, но секогаш со нешто интересно и впечатливо.
Во новата колекција момчињата можат да ги најдат новите омилени тренерки, дуксери, кошули, панталони, додека на девојчињата навистина ќе им биде тешко да одберат помеѓу интересните блузи, впечатливите фустанчиња, јакнички и маички.
Ако сте од оние родители што размислуваат однапред и сакаат да бидат подготвени за постудените денови предвреме, да ве израдуваме дека во оваа колекција на Springfield Kids ќе најдете и топли јакни и капутчиња.
Ве покануваме семејно да ја посетите продавницата на Springfield во Сити Мол и заеднички да одберете како ќе го разубавите дополнително есенското секојдневие на вашите најмили! Подгответе се за нова супер модна авантура.
Сигурни сме дека веќе ви ја поттикнавме љубопитноста, па ако не можете да издржите за да ги видите сите парчиња, да ве израдуваме дека веќе се достапни и на нашата онлајн продавница и апликација Fashion Group! Направете си листа или пак дозволете да бидете позитивно изненадени од најмеките детски парчиња!
Ве чекаме!