Спротивни вести од Венецуела, и Гуаидо и Мадуро тврдат дека имаат поддршка на војската

И опозицискиот водач Хуан Гуаидо и претседателот Николас Мадуро тврдат во вторникот дека ја имаат поддршката од војска откако самопрогласениот претседател Гуаидо поддржан од САД повика на ставање крај на „узурпацијата“ на Мадуро во близина на воздухопловна база крај Каракас каде се случила престрелка, а на спротиставените пораки од Венецуела им се приклучија светските челници поддржувајќи ја едната или другата страна, пренесуваат светските новински агенции.

Истрелите се слушнале на собирот кој го водеше опозицискиот челник Хуан Гуаидо надвор од воздухопловната база близу венецуелската престолнина Каракас, изјавиле очевидци за Reuters. Полицијата одговорила со солзавец врз демонстрантите кои се одѕвале на повикот на Гуаидо да излезат на улиците и да ги поддржат војниците за кои тврди дека кренале бунт против претседателот Мадуро во квартот Алтамира, во близина на базата „Ла Карлота“.

Гуаидо претходно во вторникот објави дека ја започнал „последната фаза“ од својот план за соборување на претседателот Мадуро, како и дека во тоа му се придружиле војници. Според очевидците на Reuters мажи во воени униформи, кои биле на собирот со Гуаидо, разменувале оган со војниците кои го поддржуваат Мадуро.

„Националните вооружени сили донесоа вистинска одлука и сметаме на поддршката од народот на Венецуела“, порача Гуаидо.

„Челични нерви!“ напиша, пак, Мадуро на Twitter тврдејќи дека војската му е лојална. „Повикувам на максимална народна мобилизација да осигуриме победа на мирот. Ќе победиме“, напиша Мадуро кој победи на претседателските избори кон крајот на минатата година освојувјќи го вториот мандат, но опозицијата не ги признава тие резултати иако не нуди докази за наводно изборни лажирање.

Венецуелските министри за одбрана и за комуникации, Владимир Падрино Лопез и Хорхе Родригез, објавија малку претходно дека влдата го сузбува планот за државен преврат на кој повика Гуидо. Падрино рекол дека вооружените сили се верни на одбраната на уставот и легитимните власти на земјата, како и дека во касарните ширум земјата состојбата е „нормална“. Родригез, пак, тврди дека владата има работа со „мала група предавнции кои би сакале да спроведат државен удар против уставот и мирот во републиката“.

Војската ги отфрла повиците за бунт, додаде Падрино Лопез. Тој ветува дека армијата ќе го заштити поредокот и мирниот живот во земјата. „Псевдополитичките лидери, прогласувајќи се на чело од ова разорувачко движење, искористиле војници и вооружена полиција, за да создадат паника и терор“, се наведува во постот на министерот за одбрана.

Во програмата на телевизијата VTV, Падрино Лопез, исто така, изјави дека мала група војници и полицајци украла возила и вооружување. Додаде дека војската која го поддржува Мадуро го пронашла украденото оружје во областа Алтамира. Падрино Лопез денешните акции на опозицијата ги нарече тероризам

Војската досега постојано изразуваше лојалност и поддршка за претседателото Мадуро и ги одбиваше опозициските и странските повици да застане на страната на Гуаодо, кој се самопрогласи привремен претседател во јануари поддржан од САД и десетина земји меѓу кои и латиноамерикански сојузници на Вашингтон, потсетува BBC.

„Денес привремениот претседател Хуан Гуаидо објави почеток на Операциајта слобода“, напиша на Twitter американскиот државен секретар Мајк Помпео и порача дека американската влада „потполно го поддржува венецуелскиот народ во неговото тежнеење за слобода“.

Малку претходно советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, упати слична порака велејќи дека венецуелската војска „мора да го заштити уставот и венецуелскиот народ. Таа треба да застане зад Националното собрание и легитимните институции против узурпацијата на демократијата. САД се со народот на Венецуела“, ја пренесува AFP пораката на Болтон.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е брифиран за ситуацијата во Венецуела и дека го следат развојот на настаните. Американскиот сентарот Марко Рубио, кој го поддржува Гуаидо, исто така на Twitter ја повика војската да го поддржи Гуаидо, кој е претседател на Националното собрание.

Колумбискиот претседател Иван Дује, кого Мадуро го обвини дека со поддршка на САД и во договор со колумбиските нарко картели организирал негово убиство, ја повика венецуелската војска да го поддржи Гуаидо да застане „до исправната страна“, „Ги повикуван војниците и народот на Венецуела да се врбројат во исправната страна на историјата и да ја отфрлат диктатурата и узурпацијата“ на претседателот Мадуру, напишал Дуке кого го цитира AFP.

Шпанија и Велика Британија повијаа на мир и искажаа противење на обидот за изведување државен удар.

Портпаролката на шпанската влада предупреди на можното „крвопролевање“ во Венецуела. „Шпанија не поддржува воен удар“, рекла Изабечл Селаа повикувајќи на „мирно“ решение на венецуелската криза, пренесе агенцијата EFE.

Британската влада, една од првте во Европа која ги призна Гуауидо за „привремен претседател“ во февруари, повика „на мирно решение“ на кризата. „Се концетрираме на мирно решение на кризата и обновување на венецуелската демокрација“, објави портпаролката на премиерката Тереза Меј со порака дека „венецуелскиот народ заслужува подобра иднинат, и дека доста пател како и дека на режимот на Мадуро треба да му се стави крај“, пренесе BBC.

Боливискиот претседател Ево Моралес „репително“ го осуди „обидот за државен удар во Венецуела“, кој го спроведува „десницата за странски интереси“. „Сигурни сме дека храбрата револуција која ја води нашиот брат Николас Мадуро ќе му се спротистави на овој нов напад од империјата“, додал Моралес алудирајќи на САД.

Кубанскиот претседател Мигуел Диаз-Канел го осуди бунтот на групата војници против Мадуро кому повторно му ја изрази „својата цврста поддршка“. „Го отфрламе ова движење за државен удар кое сака земјата да ја турне во насислтво“, напиша кубанскиот претседател на Twitter.