Спсени 74 бегалци на островите во Лезбос и Фармакониси

Грчката крајбрежна стража спасила 74 бегалци и имигранти во последните три дена, јавува БТА.

Бегалците и имигрантите биле спасени при две операции на крајбрежната стража во областа на островите Лезбос и Фармакониси во Егејското Море.

Според последните податоци, бројот на  бегалци и мигранти кои престојуваат во Грција изнесува околу 54 илјади, но генерално се оценува дека приливот нагло опадна како резултат на примената на договорот меѓу ЕУ и Турција.