„Спутник V“ е најдобра во борбата против индискиот вид на ковид-19

Руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ е поефикасна против Делта сојот на коронавирусот откриен во Индија отколку другите вакцини кои објавиле податоци за тој сој, се вели во официјалниот профил за вакцини на „Твитер“.

– Вакцината „Спутник V“ е поефикасна против Делта-сојот на коронавирус, кој првпат беше откриен во Индија, отколку другите вакцини што објавија податоци за тој вид – велат креаторите на вакцината, повикувајќи се на истражување на истражувачкиот центар „Гамалеја“, кое поднесено за објавување во меѓународно научно списание.

Претходно, министерот за здравство на Велика Британија, Мет Ханкок, предупреди дека новиот делта вид е 40% позаразен од британскиот.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот ковид-19 во светот.

Ефикасноста на вакцината е 97,6 проценти, врз основа на анализата на податоците за 3,8 милиони вакцинирани руски граѓани, што е повеќе од податоците што претходно ги објави медицинското списание „Лансет“ (91,6 проценти).