Срам за спортот во Македонија: Тренерот на олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски открива скандал во доделувањето на наградата „8 Септември

Борче Костовски, тренерот на македонскиот олимпиец, таеквондистот Дејан Георгиевски, изрази незадоволство и преку социјалните мрежи упати жестока реакција кон Агенцијата за млади и спорт и Комисијата која одлучува за доделување на наградите „8 Септември“.

Костовски истакнува дека како тренер на спортист кој освоил историски сребрен медал за Македонија на ОИ во Токио, заслужува да ја добие наградата, но дека повторно политиката вмешала прсти.

„Најмалку имам против било кој конкурент за оваа награда, но да игнорираш олимписки сребрен медал е рамно на лудост поврзана со елементарно спортско незнаење. Тој историски медал е најголемиот спортски успех во независна Македонија, единствен сребрен медал од олимписки игри, ако сакате и единствен медал од олимписки игри кој е донесен од Македонец кој медалот под мое водство го ковал тука во Македонија, под супстандардни македонски услови“ – пишува Костовски во својата реакција, прозивајќи ја Комисијата и АМС за политички креирана одлука.

Добитниците на највисоката спортска државна награда јавно не се објавени, тоа треба  да се случи на 8 септември, на свечена церемонија во Собранието за Денот на независнота на Македонија.