Иако сите најавуваа тврд натпревар, или што би рекол капитенот Кире Лазаров пред стартот на мечот шансите се 50-50, сепак македонската јавност не памти послабо издание на нашите ракометари.
Токму Лазаров беше еден од најслабите на теренот, не постигна ниту еден погодок, целосно беше затворен од Хрватите. Единствена светла точка во нашиот тим повторно беше Дејан Манасков со шест погодоци, и донекаде младиот Филип Кузмановски кој постигна 4 погодоци.
Нашата одбрана целосно потврди, Велко Маркоски и Ацо Јоноски како воопшто да не постоеја, исто како и нашите голмани. Она што најмногу загрижува е тоа што нашите ракометари воопшто немаа мотивација и желба за надигрување, особено во одбраната каде бевме катастрофални.
Следниот меч го играме во понеделник против Норвешка.