Срамен пораз за Тотенхем во Словенија, паднаа дури 18 гола на четири меча (ВИДЕО)

76

Фудбалерите на Тотенхем си го загрозија пласманот во следната рунда од Конференциската лига, откако си дозволија срамен пораз на вечерашното гостување кај словенечкиот тим Мура (1-2), кој во досегашните четири кола немаше освоено ниту еден бод и кој домашните средби ги игра на стадионот во Марибор.

Англичаните, кои премногу самоуверено влегоа во мечот и тоа со комбиниран состав, беа шокирани уште во 11. минута кога Хорват донесе водство за домаќинот. Проблемот за составот од Лондон стана уште поголем во 32. минута, кога Сесењон го доби вториот жолт картон и мораше предвреме во соблекувалната. И покрај тоа, гостите некако изедначија преку Кејн во 72. минута, но кога сите очекуваа целосен пресврт, Мароса во петтата минута од судиското продолжение го комплетира шокот за најголемата победа на Мура во клупската историја. Тотнем сега е трет со седум бода, колку што има и второпласираниот Витесе, кој со победа токму против Словенците во последното коло може да го елиминира англискиот состав од ова натпреварување.

Од останатите средби од првиот денешен термин од Конференциската лига, најмногу внимание привлекоа четири средби на кои паднаа вкупно 18 кола. Копенгахен како гостин го декласира гибралтарски Линколн (4-0), Карабаг и Омонија односно Славија Прага и Феенорд одиграа со резултат 2-2, а најефикасно беше во франција каде што Рен и Витесе ремизираа со 3-3.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.