Срамот во ОН продолжува, вели Левивца, Фрчковски гласаше „против” Резолуција за величање на нацизмот

Во Генералното собрание во ОН, со 112 гласови „за”, беше усвоена нацрт-Резолуција за „Борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за поттикнување на современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и нетолеранција“. Претставникот на Македонија во ООН, Љубомир Фрчковски, гласаше „против“ оваа резолуција, соопшти Левица.

„Овој глас, како официјален став на Владата е силно загрижувачки, особено ако се земе предвид моментната ситуација внатре во државата, каде изминатите години сведочиме на отворање бугарските културни клубови, именувани по истакнати фашисти, каде се рехабилитираа опасни великодржавни идеи, актуелни од пред Втората светска војна. Следствено на ова, годинава следиме тренд на величење на балистите, поставување нивни споменици, именување на улици по нив, додека истовремено се спроведува умислена државна негрижа проследена со системско занемарување и уништување на споменици на партизаните од НОБ“, се наведува во соопштението.

Левица истакнува на оваа гласење од Фрчковски му претходеше и гласањето воздржан за Резолуцијата во која се повикуваше на заштита на цивилите и почитување на правните и хуманитарни обврски во однос на израелско-палестинскиот конфликт.