Српската влада ја ограничи во четвртокот максималната малопродажна цена на нафтените деривати евродизел и европремиум БМБ95 во износ од 179 српски динари за дизел и 171 динар по литар за безоловното гориво.
Според информациите во српските медиуми од министерството за трговија, туризам и телекомуникации, ова ограничување важи 30 дена со можност за продолжување.
Како што се наведува, членовите на владата ја усвоија оваа уредба за ограничување на цената на нафтените деривати, со цел да се спречат големи измени и зачувување на животниот стандард на граѓаните со оглед на тоа дека претходно е забележан раст на дериватите што дирекно влијаело на зголемувањето на цените на останатите услуги.