Србија за неполни 24 часа ја погодија дури 5 земјотреси, а најсилниот регистриран земјотрес се случи синоќа во Баљевац на Ибар со јачина од 4 степени по Рихтеровата скала, на длабочина од 6 километри.
Првиот земјотрес се случи околу 18:00 часот, а според Рихтеровата скала овој земјотрес има енергија на мала нуклеарна бомба, а повеќето граѓани го почувствувале и може да дојде до помали штети.
Следниот земјотрес е регистриран на истото место, околу 20 часот, но бил дури двојно послаб – 2,3 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри.
По овие два земјотреси почвата на Србија не мируваше, а во текот на ноќта и рано утрово имаше уште 3 земјотреси.
Првиот е регистриран во Крагуевац, со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од само 5 километри околу 5 часот наутро. Потоа, само еден час подоцна се стресе и Нови Пазар, со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 7 километри. Конечно, земјотресот ја погоди и Куршумлија околу 8 часот, со магнитуда од 1,6 степени, на длабочина од 12 километри.
Како што изјави сеизмологот Славица Радовановиќ за Телеграф.рс, ваквите земјотреси се вообичаени и не претставуваат голема опасност за луѓето.
– Ако погледнете подобро, такви сеизмички активности од ниво 4 и повисоко има постојано во Централна Србија, така што последователните земјотреси се во склад со сето она што се случило досега. Нема голема опасност, ниту пак е нешто необично – изјавила таа.
Да потсетиме, граѓаните на Врњачка Бања по првиот земјотрес рекоа дека е почуствуван доста силно, а оние од Крушевац дека земјотресот го почувствувале и на повисоките катови.
Дури и белграѓани пријавиле дека почувствувале благо тресење.