Србија без Јокиќ на кошаркарскиот мундијал

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ во понеделник на прес-конференција ќе го соопшти тимот со кој  неговата селекција ќе настапи на светското првенство во, како што пренесуваат тамошните медиуми, ќе се остварат најавите дека спрскиот тим ќе патува без најголемата ѕвезда, Никола Јокиќ.

Центарот на новиот НБА првак Денвер Нагетс се решил на еден ваков потег поради напорната и долга сезона во НБА, сака летово да се одмори и да ги наполни батериите.

Дури и капитенот Богдан Богдановиќ лично го убедувал да се предомисли, но Никола Јокиќ донел болна одлука.

Поради слични причини на Светското првенство нема да настапи ниту Никола Калиниќ, а наводно откажал и Василије Мициќ.

Светското првенство во кошарка на ФИБА во 2023 година ќе биде 19-от турнир на за машките кошаркарски репрезентации. Турнирот ќе биде втор на кој ќе учествуваат 32 селекции а домаќини во првпат ќе бидат неколку земи – Филипини, Јапонија и Индонезија, од 25-ти август до 10-ти септември 2023 година.