Србија ѝ донираше на Македонија 13.000 дози од „Спутник V“ за ревакцинација

Српската премеирка Ана Брнабиќ соопшти во средата дека Србија ѝ донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник V“ на  Македонија, наведувајќи дека досега на земјата ѝ се донирани вкупно 48.000 вакцини.

Обраќајќи се пред новинарите при посетата на термоцентралата во Костолац, Брнабиќ потврди дека до Македонија споменатите количества на руската вакцина „Спутник V“ биле доставени доцна ноќта во вторникот, како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Брнабиќ потсети дека тие 20.000 вакцини беа доставени пред три недели, додавајќи дека Србија има доволно вакцини и дека доколку е потребно ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријателите и партнерите во регионот.