Владите на Македонија и на Србија постигнаа договор за донација на 40.000 вакцини „Спутник V“ од кои првата количина од 20.000 дози од компонентата 1 пристигнуваат денеска, соопштија од македонската Влада.
-Владата на Република Македонија на денешната 60-та седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за донација од Република Србија на 40.000 дози „Спутник V“ вакцини против КОВИД-19 и го прифати текстот на договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на здравството за имунизација на населението против КОВИД-19.
Со овој договор е обезбедена донацијата од вкупно 40.000 дози „Спутник В“, од кои 20.000 дози од компонента 1 ќе бидат испорачани денеска, а останатите 20.000 дози од компонента 2 во наредниот период, стои во соопштението на Владата испратено до медиумите.