Србија ќе остане единствена земја во регионот која нема да биде членка на НАТО, порача Вучиќ

„Србија ќе остане воено неутрална, немаме во соседството ниту една територија која не е членка на НАТО, во ниту една од околните области. Наша желба е да бидеме единствената земја што не е членка на НАТО во регионот и ќе останеме во таа политика“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој додаде дека владата се залага за воведување задолжителен воен рок од 90 дена.

„Мојот предлог ќе биде во наредниот период да се воведе задолжителен воен рок од 90 дена, не се шест месеци, ниту 365 дена. На надлежните воени органи останува да покажат пресметки колку тоа би не чинело. Да научиме што е патриотизам, што е работа, обврска“, нагласи тој.

Додаде дека, тоа ќе придонесе за зајакнување на пограничните делови на земјата, дека има многу малку војници јужно од Чачак и би се вратил животот во тие градови. Предлогот ќе оди на расправа во парламентот. „Само армијата да не каже: немаме кадар за обука, бидејќи тоа нема да го прифатам. Нека најдат други луѓе за обука“, рече претседателот на Србија.