Српската влада на вчерашната седница донесе одлука за купување на примерок од т.н Директива 25 од 1941 година.Со тој документ Хитлер издал наредба за напад над Југославија и дозвола на Бугарија да се окупира Македонија.
Овој примерок на Директивата чини околку 40.000 долари и е купен од аукциска куќа а во светот постојат уште неколку примероци.Македонската влада досега не покажала интерес да купи ваков документ со кој се докажува бугарската окупација во 1941 година.
Позната е целата содржина на документот „Директива 25“ со која нацистичка Германија одлучила да го нападне Кралството Југославија во 1941 година во чии дел била и територијата на денешна Македонија.
Во документот може да се види дека Бугарија влегла во сојуз со Хитлер поради неговото ветување дека ќе им ја отстапи Македонија.
-Мојата намера е да ја нападнам Југославија со концентрична операција од областа Риека – Грац, од една страна, и од областа на Софија, од друга, во генерален правец кон Белград и да ја уништам југословенската војска. и покрај тоа да го одвојам најјужниот дел на Југославија од останатата територија и да го земам во мои раце како база за проширување на германско-италијанската офанзива против Грција.Ќе се направат обиди Унгарија и Бугарија да соработуваат во операциите, давајќи им можност да ги вратат Банат и Македонија.-се наведува во директивата на Хитлер.
Бугарите влегоа во Македонија на 19 април 1941 година со операцијата „Марита и брзо ја воспоставија својата окупација која денеска со модерен речник се нарекува администрација.