Србија и Турција договорија заемно признавање на сертификатите за вакцинирање

Србија и Турција договорија заемно признавање на сертификатите за вакцинирање против Covid-19 со кои граѓаните на двете држави од 14-ти мај ќе можат да патуваат без дополнителни ограничувања, објавија во средата властите во Белград.

Договорот кој го постигнале министрите за надворешни работи Никола Селаковиќ и Мевлут Чавушоглу овозможува во пресрет на летната туристичка сезона влегување на територијата на другата земја без негативен PCR тест и карантин.

Дел од договорот е и одредбата помладите од 18 години, кои не се вакцинирани, да можат да влезат на териториите на двете земји без тест и карантин во придружба на членови на семејството кои ќе предочат сертификат за вакцинирање против коронавирусот.

Србија и Турција, исто така, заемно ќе ги признаваат и сертификатите за имунитет коишто на излекуваните од Covid-19 ќе им ги издаваат здравствените власти на двете земји.

Случен режим за патувањата на граѓаните со сертификати за вакцинирање од 30-ти април е на сила и меѓу Србија и Унгарија.

Српската министерка за трговија и туризам Татјана Матиќ изјави претходно дека од 14-ти мај и Грција за влез на својата територија ќе ги признава сертификатите на граѓаните на Србија, без оглед на тоа која вакцина ја примиле.

Грција и Турција изминатите години, покрај Црна Гора, беа водечките земји кои туристите од Србија ги избирале за летни дестинации, но пандемијата на коронавирусот во текот на 2020 година ја наруши таа статистика.

На граѓаните на Србија од средата во државните електронски систем им е достапен дигиталниот сертификат, односно потврда со којашто се докажува дека се вакцинирани против коронавирусот или дека имаат негативни резултати на тестирање на Covid-19.

Српските власти од 2015 година го поттикнуваат домашниот туризам со доделување на ваучери од околу 40 евра, а оваа година осигури од 100.000 ваучери и дополнително финансираа уште 20.000 кои на 11-ти мај „пламнаа“ за еден ден. Ваучерите во 2021 година ќе може да се користата во 2.190 туристичките објекти во велнист центрите, на езерата и планинита, заклучно со 20-ти ноември.

„Кога би имале 500.000 ваучери, сите 500.000 би биле искористени, бидејќи дефинитивно повеќето наши граѓани и оваа туристичка сезона ќе ја минат во Србија“, изјави министерката Матиќ во разговорот за белградски Данас.