Србија и Унгарија ги поврзаа цевководите за продолжување на Турски тек

Линискиот дел од гасоводот Балкански тек, кој претставува продолжување од Турски тек, кој се простира од Турција до Унгарија е завршен, објави во недеката генералниот директор на компанијата „Србијагас“, Душан Бајатовиќ за време на церемонијата на поврзувањето на цевководот на границата меѓу Србија и Унгарија.

„Во практиката ова значи дека е завршен целиот копнен дел од турскиот брег преку териториите на Турција, Бугарија, Србија и денеска овде на влезот во Унгарите. Капацитетот на гасот, кој на излезот од Црното Море изнесува 15,75 милијарди кубни метрти, ќе може да се користи практично низ цела Централна Европа“, рече Бајатовиќ.

Претходно тој изјави дека првите испораки на рускиот гас во Унгарија и натаму во Европа преку трите споменати земји се очекува од 1-ви октомври.

„Со тоа се стави крајот на многугодишната голема работа, со која нашата земја конечно го реши прашањето за снабдувае со гас од друг правец, не само преку Украина. Повеќе никој во Србија нема да мрзне, а цената на гасот за домаќинствата нема да се менува оваа есен“, изјави Бајатовиќ пренесе Радиот-телевизја Србија (РТС).

Од своја страна, претседателот на управниот одбор на уграската компанија оператор со системите за транспорт на гас FGSZ, Ференц Саболч, поврзувањето на двата цевководда го нарече „златно“ и исткана дека тоа значи скоро завршување на проектот и почетокот на испораките на гас.

„Ова значи дека го гледаме крајот на овој проект и дека снабдувањето со гас наскоро ќе започне“, изјавил Саболч.

На почетокот од јуни унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека Будимпешта ќе започне со набавка на гас преку рутата којашто минува преку територијата на Србија до крајот на годината. Претходно годинава унгарската влада и рускиот енергетски гигант „Газпром“ постигнаа прелиминарен договор за испорака на гас во период од 15 години, кој ќе може да стапи на сила на-ви октомври, по завршувањето на претходниот. Ланскиот јуни Унгарија договори со „Газпром“ од октомви 2020 до октомври 2021 година испорака на 4,2 милијарди кубни метри гас.

На почетокот од годинава српскиот претседател Александар Вучиќ во функција го стави делот од гасоводот Балкански тек, со кој рускиот гас се испорачува до Србија. Тогаш рече дека цената на гасот од новиот гасовод ќе чини 155 долари за 1.000 кубни метри, додека истиот обем Белград порано го плаќал 240 долари.

Делницата која минува низ Србија е продолжение на еден од двата правца на Турски тек, која беше ставена во функција на 8-ми јануари 2020 година, кога започна испорачување на рускиот природен гас кон Турција, а потоа и кон Бугарија, Србија и Унгарија. Делницата е во должина од 403 километри и има пректирана моќност од 13,9 милијарди кубни метри гас годишно.