Србија има 82 новозаразени на коронавирус, едно лице почина

Во последните 24 часа во Србија за коронавирус се тестирани 3.317 лица, при што 82 биле позитивни, а едно лице починало.

Моментално на респиратор се 15 лица, а од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Србија починале 249 лица.

Официјалниот број на заболени од коронавирус во Србија во последните 48 часа е намален за речиси десет пати, односно додека пред два дена земјата имала повеќе од 4.500 активни случаи, сега има помалку од 500.

Причината најверојатно е заради новиот начин на регистрирање, бидејќи веќе не се сметаат како заболени пациентите кои имале еден негативен тест и се наоѓаат во домашна изолација додека не бидат уште еднаш негативни на тестот.