Од утре, Србија веќе нема да има ниту една туристичка агенција со лиценца за организирање патувања, објави весникот „Новости“.
Бидејќи осигурителните компании не сакаат да издаваат полиси за осигурување поради наводен висок ризик, агенциите автоматски го губат правото за обновување на лиценцата, што истекува утре.
Доколку државата, осигурителните компании, агенциите и банките, бидејќи постои можност за преземање банкарски гаранции, не најдат соодветно решение, ниту една туристичка агенција во Србија нема да може да продава аранжмани од 1 октомври.
Во Србија има 480 организатори на патувања, за кои властите со години посочуваа, дека е преголем бројот на оние што се занимаваат со тој бизнис.