Србија почна да ја произведува вакцината „Спутник V“, може да се надеваме на вакцини

На Институтот „Торлак“ во Србија, почна производство на вакцината „Спутник V“ против коронавирус. Како што објавија српските медиумни, руската вакцина во иднина ќе може да се извезува во државите од регионот, пренесува Б92.

„Рускиот фонд за директни инвестиции за вирусологија и вакцина ‘Торлак‘, објавува дека е почнато производство на руската вакцина против коронавирусот ‘Спутник‘ во Србија. Со ова Србија стана прва држава во Јужна Европа која ќе произведува вакцина. Производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди“, соопштуваат од Фондот.

Фондот пренесува дека во иднина Србија ќе ја користи за себе и ќе може да ја извезува во земјите од нејзиното опкружување.