Србија се откажа од локдаун, продолжува со постојните мерки

Српската премиерка Ана Брнабиќ по седницата на Кризниот штаб за коронавирус изјави дека Србија ќе продолжи со постојните мерки, иако медицинскиот дел побарал усвојување на „многу порестриктивни мерки“, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ изјави дека на состанокот се разговарало долго време и дека таа верува дека нови мерки би довеле до „сигурно побрзо намалување на бројот на заразени лица, но исто така ќе доведат и до стагнација на имунизацијата“.

– Така што, решивме, покрај тоа што јасно ставивме до барањето на медицинскиот дел, да продолжиме како што започнавме, со постојните мерки, покрај потребата за вакцинација, која е единствениот остварлив одговор на оваа пандемија – изјави таа..

Зборувајќи за епидемиолошката состојба, Брнабиќ кажа да „бројките се нешто подобри вчера и денес, иако се толку големи да тоа не изгледа така“.

– Вчерашниот ден беше со 30,9 отсто позитивни, се чини дека тоа стагнира и полека паѓа. Исто така, позитивно во сето ова негативно е што се намалува разликата помеѓу бројот на хоспитализирани и отпуштени, денес таа разлика беше само 100. Се чини дека работата се стабилизира, изјави српската премиерка.

Како што кажа, во Србија до 30 годишна возраст има 22,7 отсто вакцинирани, што е многу лошо.

Таа посочи дека медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал да се донесат многу порестриктивни мерки.

– Медицинскиот дел бараше да воведеме најмалку 10 дена забрана за собирање на повеќе од пет лица, затворање на се од 17 часот, освен за објектите неопходни за секојдневно снабдување, и ако тоа резултира со намалување на бројот на заразени, тогаш да се пристапи кон користење на ковид пропусници – кажа Брнабиќ.

Таа додаде дека тие зборувале долго за тоа и дека верува дека овие мерки би „довеле до побрзо намалување на бројот на заразени лица, но исто така би довеле и до продолжување на имунизацијата…со оградата на лекарите во рамките на Кризниот штаб, мислам дека никој не беше изненаден од ова, засега продолжуваме како што започнавме“.

– Јас молам и апелирам до сите, да се вакцинираат оние што не се, што е можно поскоро, и оние на кои им поминале 180 дена од ревакцинацијата да ја добијат третата доза што е можно поскоро – изјави Брнабиќ.