Срби го копале тунелот до судот во Подгорица со помош на Црногорци

Тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица го ископаа претежно државјани на Србија, кои се идентификувани, а имаа и помошници од Црна Гора, изјави министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ на прес-конференција во Управата на полицијата.

Тој рече дека се поднесени кривични пријави против четири идентификувани лица, како и против две непознати лица, но дека имаат осомничено уште најмалку пет соработници на осомничените.

Српските државјани Вељко Марковиќ (32), Милан Марковиќ (53), Дејан Јовановиќ (30) и Владимир Ериќ (32) учествувале во копањето на тунелот до депото на Вишиот суд во Подгорица.

Тој рече дека се осомничени за кривично дело злосторничко здружување.