За време на полициската операција „Гром“ одржана на територијата на целата земја, уапсени се 127 дилери на дрога, се вели во соопштението на српското Министерство за внатрешни работи.
За време на операцијата се извршени 909 рации, проверени се 242 лица, а уапсени се 127 дилери на дрога.
На 134 адреси се запленети најразлични видови наркотици, откриена е една нарколабораторија, конфискувано е оружје и откриено е едно убиство.
Акцијата под работно име „Гром“, се спроведува на основа на налог донесен на седницата на Бирото за координација на работата на службите за безбедност, со која претседавал српскиот вицепремиер Александар Вучиќ.
Српскиот вицепремиер изјави дека големата операција „Гром“ против осомничени дилери на дрога била најефикасна полициска операција во земјата во последните 25 години, како резултат на која ќе бидат покренати обвиненија против најмалку 250 лица, пренесе „Танјуг“.