Србија ги почнува преговорите со ММФ

Србија е подготвена да ги почне преговорите со Меѓународниот монетарен фонд за новиот аранжман за претпазливост, соопшти српското Министерство за финансии.

Во соопштението се наведува дека преговорите би можеле да почнат во првите месеци од следната година, а се додава и очекуваниот аранжман да го зајакне кредибилитетот на Владата бидејќи, како што се наведува, покажуваат подготвеност да се соочи со најсериозните проблеми околу финансиите и економијата.

Аранжманот за претпазливост со ММФ ќе и’ помогне на Србија да ги спроведе планираните реформи и странските инвестиции ќе испратат јасен сигнал дека Србија е сигурен, стабилен и атрактивен пазар.