
Главната усна расправа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг по обвинението на Хрватска и противтужбата на Србија за геноцид во Хрватска ќе почне на трети март, соопшти Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Првата рунда ќе трае од трети до 18-ти март. Хрватска ќе ги изнесува аргументите од трети до седми март, а Србија од 10-ти до 18-ти март. Втората рунда ќе трае од 20-ти март до први април.
Претесот ќе трае околу еден месец и за тоа време ќе бидат сослушувани сведоците на двете страни, а ќе се слушнат и завршните излагања на правните застапници на Белрад и Загреб.