Амбасадорката на Србија во земјава, Душанка Дивљак – Томиќ додека престојуваше во Битола јавно им се заблагодари на граѓаните и институциите во Македонија за помошта донирана на настраданото население од поплавените подрачја во Србија.
– Хуманитарната акција во Македонија претставува гест на исклучително и големо пријателство, внимание и висока чувствителност за луѓето што настрадаа и на коишто помошта им беше најпотребна, истакна амбасадорката Дивљак-Томиќ, додавајќи дека Србија никогаш понудената помош нема да ја заборави.