Србија ја торпедираше Полска и се пласира во финалето на СП

Женската ракометна репрезентација на Србија го направи најголемиот успех во српскиот ракомет, откако се пласира во финалето на Светското првенство. Тие во полуфиналето ја совладаа селекцијата на Полска со 24:18 (14:6).

Капитенот и член на македонскиот шампион ЖРК Вардар СЦБТ, Андреа Лекиќ беше најефикасна на натпреварот со осум голови , Драгана Цвијиќ постигна пет , додека Дамајановиќ го заврши натпреварот со четири погодоци. Во полската репрезентација најефикасна беше Орнеборг со четири голови.

Србија за златото на првенството ќе се бори со подобриот од второто полуфинале меѓу селекциите на Бразил и Данска