Србија мора да го фати последниот воз за економско заздравување

На Бизнис форумот 2014 кој се случува на Копаоник и се нарекува српскиот Давос е соопштено дека во Србија следува ребеланс на буџетот од 400 милиони евра, а претходно треба да се прекине со работа со загуба од страна на јавните претпријатија.

Реформи, што е омилен збор на економистите и политичарите, не се повеќе решение за Србија. Тони Верхеијен, шеф на канцеларијата на Светската банка истакна дека нема повеќе фискален маневарски простор за дејствување. Според неговите зборови, Србија го фаќа последниот воз.

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ морал да си ја „раскомоти вратоврската“ по изјавата на гувернерот на Народна банка на Србија, дека имал кабаретски настап.

Голем број бизнисмени и сегашни и поранешни политичари присуствуваат на овој значаен економски форум, на кој се разговара за важни економски прашања.