Неименувани дипломатски извори велат дека западните земји за сега, имаат разбирање за одбивањето Србија да наметне санкции за Русија и нејзината политика која не е целосно во согласност со ЕУ, особено за српската осуда на руската агресија во Украина, но „ушите им ги пара постојаната јавна заклетва на српските официјални претставници дека санкциите кон Русија нема да бидат изречени.“ Но, слично се однесува и Русија, пренесува Блиц.
„Почна влијанието на Русија, ЕУ и САД врз Србија. Некои нас не влечат на левата страна, а другите на десната страна, и ако кризата во Украина продолжи да се влошува, ние не ќе можеме уште долго вака да издржиме. Истекува времето за излез од најголемата криза од крајот на Студената војна и Србија ќе мора јасно да се определи според овој конфликт“, вели за Блиц Душан Лазиќ, поранешен српски амбасадор во Украина.