Србија не може да ја врати смртната казна, Советот на Европа и го забранува тоа

Адвокатите и стручната јавност во Србија, иако се згрозени од свирепото убиство над Тијана Јуриќ, објаснуваат зошто е невозможно да се врати смртната казна во Србија, која строго ја забранува и Советот на Европа.

Србија не може да воведе смртна казна бидејќи е потписник на Европската конвенција за човекови слободи и права, во која се гарантира правото на живот, но може да воведе доживотен затвор и построго да ги казнува злосторствата направени над деца.

tijana0jurikj-najverojatno-ja-kidnapirale-ni-traga-ni-glas-greotka-2

Јавноста е згрозена и огорчена од убиството на 15 годишната Тијана Јуриќ, па затоа многу луѓе побараа смртна казна, која е забранета пред десетина години. Министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, изјави дека поради вакви кривични дела, сторени од монструми од овој вид, му е жал што Србија ја укинала смртната казна.

„Можеби нашето општество не е подготвено да ги спроведе сите реформи на Европската Унија, како што е укинување на смртната казна. Како родител и човек одчекувам овој вид на злосторство да не помине без најтешката казна која ја предвидува законот“, вели Стефановиќ.

Свирепо убиство

Српскиот адвокат, Војин Билјиќ, вели дека Србија не може да воведе смртна казна бидејќи е потписник на Европската конвенција за човекови слободи и права во која во член 2 се гарантира правото на живот.

„Правото на живот не може да биде ограничено. Ако сакаме да го прекршиме, тогаш можеме да воведеме смртна казна, но прво треба да излеземе од Советот на Европа“, вели тој.

Но државата, додава Билјиќ, може да ја прошири казнената политика и да воведе доживотен затвор или построги казни за злосторства извршени над деца.

Адвокатот Саво Анѓелковиќ, пак вели дека бил против укинување на смртната казна, но и против нејзиното извршување.

„Таква казна е потребна бидејќи во нашиот примитивен страв оваа казна остана како единствена важна санкција за широката популација. Има места на Балканот, каде стравот е најважен“, вели тој.

Реликт на минатото

Против смртната казна е и поранешниот судија Иван Бајазит, кој за слично вакво убиство има досудено смртна казна. Бајазит вели дека и тогаш бил против, но морал да го примени законот онаков како што е.

„Ако сакате да влезет во Европската Унија не можете да воведете смртна казна. Нејзиното укинување е цивлизациски тек, таа е реликт на минатото поради недостатоците. Непоправлива е, но никој нема право да друг да му го одземе животот, па дури ни државата за најтешките дела. Смртната казна е освета на државата за нешто, но осветата е извадена од сите кривични дела“, вели поранешниот судија.

Колку за потсетување, српската јавност побара повторно воведување на смртна казна, а може и само за овој случај, во кој 15 годишната Тијана Јуриќ, беше удрена со автомобил, претепана, задавена, а потоа и закопана во близината на Сомбор од страна на Драган Ѓуриќ.

По Тијана трагаше цела Европа. Таа исчезна во 25 минути по полноќ на 26 јули во Бајмок.

Факти

– Последната смртна казна во Србија е извршена на 14 февруари 1992 годна над Јохан Дроздек поради свирепо убиство на 16 годишно девојче, Тој е стрелан во затворот во Сомбор.
– Околу 53 осто од испитаниците се изјасниле за враќање на смртната казна, додека пак, 47 отсто биле против, според неодамна направена анкета на „Ипсос стратеџик маркетинг“
– Погубувањата во Србија најчесто биле со стрелање или бесење