Србија веќе не сака формирање на основен суд во северниот дел на Косовска Митровица, туку ја сака функцијата претседател на судот, што се наоѓа во јужниот дел на регионот, пренесе српската агенција „Бета“, цитирајќи го косовскиот весник „Коха“.
„Според информациите Србија се откажала од формирање на посебен основен суд во северна Косовска Митровица и се согласила за еден судсики систем“, пишува косовскиот весник.