Србија нема да гради ѕид на границата со Македонија

Србија нема да гради ѕид на границата со Македонија
Србија нема да гради ѕид на границата со Македонија

Идејата на лидерот на Српската народна партија, Ненад Поповиќ, за кревање ѕид на границата со Македонија да се сопре приливот на мигранти, едногласно е отфрлен од Власта во Србија, опозицијата и претставниците на невладиниот сектор.

Со изградбата на ѕидот, смета Поповиќ, Србија ќе го спречи неконтролираниот прилив на мигранти од Блискиот исток и од северна Африка. Тој, предлага и рокот за донесување одлука за азил да се скрати на 48 часа.

Со изградбата на ѕидот, смета Поповиќ, Србија ќе го спречи неконтролираниот прилив на мигранти од Блискиот исток и од северна Африка.
Со изградбата на ѕидот, смета Поповиќ, Србија ќе го спречи неконтролираниот прилив на мигранти од Блискиот исток и од северна Африка.

Министерот Александар Вулин за „Блиц“ изјави дека ваквиот предлог не е нов, но и дека „ѕидот до сега не ги заштити Унгарија и Бугарија, како што тоа не го стори ниту контролата на морето кон Грција и Италија.

Србија од ЕУ бара да ја формулира својата политика и зависно од неа ќе заземеме став во согласност со  своите интереси. Покрај тоа, Србија не е цел на мигрантите и ние засега немаме проблем со бројот на луѓе кои сакаат азил, па со самото тоа ниту со прописите што го регулираат добивањето азил, вели Вулин.

Шефот на пратеничката група на СНС во српскиот Парламент, Зоран Бабиќ, за „Блиц“ изјави дека Србија сака Европа без граници и дека политиката на Владата на Србија е „во изградбата на мостови и спони, а не на ѕидови“.

Бабиќ: Србија сака Европа без граници и дека политиката на Владата на Србија е „во изградбата на мостови и спони, а не на ѕидови“.
Бабиќ: Србија сака Европа без граници и дека политиката на Владата на Србија е „во изградбата на мостови и спони, а не на ѕидови“

Шефот на пратеничката група на ДС, Борислав Стефановиќ, смета дека предлогот на СНП е мотивиран „од опасни десничарски идеи“, како и дека проблемот со мигрантите е многу посложен од кревањето ограда.

Директорот на „Група 484“, Владимир Петронијевиќ, исто така, истакнува дека ѕидовите „никогаш нема да ја запрат миграцијата“, а предупредува и дека идејата е спорна од меѓународноправен аспект.