Србија: Николиќ се сомнева дека е прислушуван

Прислушувањето ги скара претседателот и премиерот на Србија, јави српското електронско издание „Прес онлајн“.

Изданието посочува дека шефот на државата Томислав Николиќ не е задоволен од работата на премиерот Ивица Дачиќ како министер за внатрешни работи и смета дека недостатокот на контрола во МВР е причина за прислушувањето на неговиот телефон.

Дачиќ од своја страна смета дека полицијата не го прислушува претседателот.

Од кабинетот на Николиќ изјавиле дека од моментот кога се обелоденил скандалот со прислушувањето, зголемена е безбедноста на претседателот. Никој во претседателството не може да влезе со мобилен телефон.

Николиќ решил да патува и со личен автомобил наместо со службениот. Според нив Николиќ немал сомневања во Дачиќ, но кога станувало збор за полицијата имало сериозни проблеми.