Србија поднесе жалба до ФИФА на судијата Брих

Српскиот фудбалски сојуз поднесе жалба до ФИФА на судијата Феликс Брих и на неговиот начин на судење на натпреварот од второто коло во Групата Е во кој Швајцарија со пресврт со 2:1 ја совлада српската селекција.

„Поднесовме видеоснимки кој јасно ја покажуваат тенденцијата на Брих да носи одлуки против нашата репрезентација… Снимките го покажуваат двојниот критериум на Брих во доделувањето на на жолтите картони, односно како бзо ги досудува на нашите играчи додека не беше така кога стануваше збор за играчите на другата репрезентација“, се наведува во соопштението на Српскиот фудбалски сојуз.

Главната забелешка за судијата е што не досуди пенал кога над Александар Митровиќ е направен прекршок во второто полувреме при резултат 1:1 и дека притоа одбрал да не се консултира со ВАР лабораторијата од каде што добил сигнал.

Сето тоа, сметаат во српската фудбалска асоцијација, доведе до победа на Швајцарија која ги загрози шансите на Србија за пласман во осминафиналето,. Србија сега ќе треба да победи против Бразил во последниот дуел од групата доколку сака да се пласира натаму. Доколку одигра нерешено со „Селекао“, исто така, може во осминафиналето, но само доколку Швајцарија загуби со гол и пили повеќе разлика од Костарика којашто сега е последна во групата без бодови.

„Најинтересна е одлуката да не се досуди пенал за Србија по прекршокот над Митровиќ при резултат 1:1, кога гол од белата точка би го пресвртел натпреварот во наша полза“, се додава во соопштението.

„Целиот свет го виде прекршокот освен Брих и тој тогаш требаше да ја погледа видеоснимаката (ВАР).л Се прашуваме зошто Србија е единствената репрезентација на Светското првенство каде што судијата избира да ја игнорира спорната ситуација и легитимно е прашањето зошто ВАР се користи селективно“, заклучува Српскиот фудбалски сојуз.