Сообраќајниот полицаец Мирослав Кузмановиќ (24) уапсен е во Белград поради сомнение дека заедно со колегата Драган Борота кој го чекал во автомобилот од мигранти украл 2.000 евра, пишува српски „Курир“.
– Осомничениот полицаец пред три дена во вешерните часови во Белград им пришол на двајцата мигранти и покажувајќи им ја службената легитимација и пиштолот, побарал од нив да ги извадат сите предмети од џебовите. Потоа од еден од нив земал 1.200 евра, од друг 600, а од третиот 200 евра. Тој им рекол на азилантите да ги повикаат сите во хотелот каде се сместени, затоа што „веднаш ќе дошла патрола за да ги уапси“, пишува „Курир“ повикувајќи се на информации од истрагата.
Полицаецот кој од мигранти украл 2.000 евра се бранел со молчење и плачел
На предлог на Првото основно обвинителство на Кузмановиќ, кој од мигранти украл 2.000 евра, му е одреден притвор во траење од 30 дена, а тој ќе одговара за сторено кривично дело тешка кражба врз немоќно лице. „Курир“ повикувајќи се на сопствени информации пишува дека полицаецот на сослушувањето цело време плачел:
Мирослав одлучил да се брани со молчење, но во полицијата плачел и молел да не го држат во притвор затоа што сопругата му е бремена во осми месец, пишува порталот.
Вториот осомничен Драган Борота чекал во автомобилот и против него ќе биде поднесена кривична пријава во редовна постапка.
Осуда од министерот за внатрешни работи
Министерот за внатрешни работи на Србија, со своја изјава во однос на случајот кога полицаец од мигранти украл 2.000 евра. Министерот најостро го осуди ова разбојништво и како што вели, нема да се дозволи значката некому нема да му биде штит од законот.
Задачата на Министерството завнатрешни работи е да се грижи за безбедноста на мигрантите и нема да дозволиме тие да се чуствуваат несигурни во Србија, ниту било кој да ги ограбува или малтретира. Значката никому нема да му биде штит од законот и секој облик на криминал најостро ќе го санкционираме, нагласил Стефановиќ.
За кризата со мигрантите во ЕУ повеќе на следниот линк.