Оваа дрога на нелегалните пазари може да достигне вредност околу 15 милиони евра.
На уништувањето на наркотиците присуствувал и српскиот премиер, Ивица Дачиќ, кој истакнал дека денешното уништување е прво по 14 години и дека со такви акции ќе се продолжи и во иднина.
Ова уништување, според него, нема да предизика никакви штетни последици по здравјето на граѓаните на градот Обреновац, каде се врши уништувањето.
„Денешната акцијае успешно спроведена во координација со другите министерства и јасно ја покажува одлучноста на државата да се избори со наркодилерите“, рекол Дачиќ.