![apsenje lisici](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/10/apsenje-lisici.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Грчката полиција соопшти дека денеска уапсила српски државјанин кој Хрватска го бара за наводни воени злосторства во 1991 година.
Полицијата соопшти дека 59-годишникот, чие име не се соопштува, бил уапсен откако влегол во земјата од Северна Македонија, на пат кон летувалиште во Северна Грција со сопругата и ќерката.
Уапсениот во Хрватска е обвинет за учество во акции што довеле до смрт на цивили од 19 август до 14 декември 1991 година во хрватските градови Вочин и Хум.
Тој изјавил дека бил припадник на југословенската војска, но негирал дека е виновен.
Српскиот државјанин ќе биде изведен пред јавниот обвинител во Солун, а тричлениот судски совет најверојатно следната недела ќе го разгледа барањето за екстрадиција во Хрватска.